Потребна е поголема посветеност на властите кои треба да вложат напор да се исполнат барањата на УНЕСКО за заштите на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, но засега не гледаме резултати, истакна амбасадорот на ЕУ во земјата Самуел Жбогар при денешната посета на  Општина Дебрца.

Секогаш верувам дека е подобро сами да се справите со проблемите. Секако со нив треба да се соочите сериозно. Остануваат триесет недели до 1 февруари до кога треба да се видат резултати околу заштитата на светското наследство во Охридскиот регион. Рокот почна да тече на 4 јули кога УНЕСКО ја донесе одлуката за Охрид, оттогаш поминаа две недели, но се уште не гледаме резултати. – рече Жбогар.

Евроамбасадорот вчера остварил средба со претставници на невладините организации од областа на животната средина, кои исто тка, изразиле загриженост дали препораките на УНЕСКО воопштто ќе можат да се исполнат.

Сега е моментот кога треба да видиме вистинска соработка помеѓу институциите на национално и центранло ниво, владата, парламентот, локалните самуправи, да се најдат начини за справување со проблемот. Потребна ни е нова енергија за да реши овој проблем. – изјави Жбогар.

Запрашан за актуелните случувања околу СЈО, Жбогар истакна дека тоа не треба да влијае на европерспективите на земјата, а преземањата на Јавното обвинителство се во функција на владеење на правото.

Самиот факт што ЈО почнува да работи на случаи на корупција, не само специјалното, покажува дека има напредок и дека тоа е добро. – рече Жбогар.

Тој истакна дека СЈО покажа големи резултати во борбата против криминалот и корупцијата изминатите години и дека таму работат извонредни правници и истражувачи. Жбогар изрази надеж дека политичките лидери на средбата закажана за утре ќе изнајдат решение како да продолжи работата на специјалното обвинителств во рамки на јавното обвинителство.

Г.М.