Сите да направат се што е во нивна моќ за да стави крај на семејното насилство, на сексуалното вознемирување, на раните бракови и на сите форми на насилство врз жените. Оваа порака ја испрати Женскиот центар „Бисера“ од Охрид, по повод Кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ .
Насилството врз жените е извор на страдање на сите што се засегнати, кривично дело и повреда на човековите права. Ние можеме и мораме да работиме заедно за да ставиме крај на насилството. – стои во повикот за борба против насилството на ЖЦ „Бисера“

Насилството врз жените претставува глобален проблем и е перманентен фокус на светската јавност преку презентирање на различни решенија за негова елиминација. Сепак, како што се истакнува во повикот за борба против насилството, не постои едно решение кое ќе стави крај на насилството врз жените.
OhridNews











