В петок (9. септември) со почеток од 17 часот во просториите на ФФМ ќе биде извршена ждрепката за натпреварите од 1/8-финалето во Купот на Македонија. Во оваа фаза од натпреварувањето нема да има охридски екипи.


На извлекувањето на двојките се очекува да присуствуваат преставници на сите клубови учесници во оваа фаза од натпреварувањето, прволигашите: Шкендија, Вардар, Работнички, Тетекс, Металург, Напредок, Хоризонт Турново, 11 Октомври, Брегалница, Силекс и Ренова, како и второлигашите Гостивар, Скопје, Тиквеш, Миравци и Пелистер.

Првите натпревари од 1/8-финалето се играат на 14. септември во 15 часот, додека реваншите се закажани за 28. септември од 14:30 часот.

Ohridnews