Ждрепката за натпреварите во групната фаза, за Светското првенство во Бразил во 2014 година, ќе се одржи на 6.декември, во летувалиштето Кошта до Саујпе, во Бразил соопшти ФИФА.


Како што се наведува во соопштението на светската куќа на фудбалот, извлекувањето на групите ќе започне во 17 часот по локално, односно 13 часот по средноевропско време.

На ждрепката ќе бидат одредени составите на осумтет групи, во секоја група ќе партиципираат по четири репрезентации. По две првопласирани репрезентации од секоја група ќе изборат пласман во осмина финалето.

Светското првенство во фудбал ќе се одржува од 12.јуни до 13.јули 2014 година, во 12 бразилски градови.

“Макфакс“