Пред два дена во селото Велгошти жена била нападната од неколку кучиња. Нападот се случил во раните утрински часови кога жената се движела пеш по улица во селото, а кучињата се појавиле од двор на куќа покрај патот каде биле чувани без надзор. Ја собориле жената, и нанеле гребаници по телото, а била искината и нејзината облека, информираат од СВР Охрид.

Истиот ден од чопор кучиња, во кичевско, беше нападнато четиригодишно дете кое поради тешките повреди беше пренесено во Клиничкиот центар во Скопје. Детето е во лоша здравствена сотојба, изваден му е еден бубрег и слезината и е ставено на машини за дишење.

OhridNews