Оваа изборна кампања беше негативна со големи притисоци од власта, особено врз администрацијата, а во Охрид, за жал, притисок од страна на локалната власт, оцени носителот на кандидатската листа во 5-та И.Е. Андреј Жерновски, на завршниот прес што се одржа денеска во изборниот штаб на партијата во Охрид.
– Нивото на политичка култура и дебата помеѓу двете најголеми партии беше на најниско можно ниво,. Тие водеа кампања со навреди и лични дискредитации, што не и доликува на Републиока Македонија, а од друга страна не слушнавме што им нудат на граѓаните, за разлика од нас кои направивме позитивна кампања со конкретна понуда која беше широко прифатена во народот за распределба на преостанатиот државен капитал од околу 4 милијарди евра на секој полнолетен граѓанин. – рече Жерновски.
Тој истакна дека доколку граѓаните гласаат за ВМРО ДПМНЕ ќе се разбудат со дебела книга -Манифест која не може да се реализира, а доколку гласаат за СДСМ ќе се разбудат со локум и кафе и тоа е се што ќе добијат во наредните 4 години, додека, како што рече, доколку граѓаните гласаат за ЛДП ќе добијат акции во вредност од 2000 евра.
Жерновски упати апел за фер и демократски избори, односно, како што рече, без оглед на желбите на политичките партии најбитно е да победи Република Македонија.










