Најновата најавена музичка ѕвезда во Охрид за ова лето е Масимо Савиќ. Авалон продукција вчера вечер го објави концертот кој ќе се одржи на 14ти јули на Античкиот театар. 

Исто така, на 25ти јули е најавен и концерт на Zucchero, на Античкиот театар.

За Илинденските празници Авалон во Охрид ги носи светски познатите диџеи Dimitri Vegas & Like Mike на први август, Jax Jones на втори и Armin van Buuren на четврти август, во склоп на фестивалскиот спектакл Ohrid Calling.

А.М.