Европската куќа на фудбалот (УЕФА) му изрече жестока санкција на англискиот првак Манчестер Сити за нарушувањето на финансискиот фер плеј. „Граѓаните“ добија забрана од две години за сите натпреварување под капата на УЕФА. Забраната стапува на сила од следната сезона.

Покрај двегодишната суспензија, клубот од Етихад ќе треба да плати парична казна во висина од 30 милиони евра.

Инспекцијата од УЕФА која ги детално ги прегледала документите од Манчестер Сити пронашла низа неправилности и нарушување на финансискиот фер плеј. Манчестер Сити лажно покажувал заработка од спонзори. Уплатените пари биле од сопственикот Менсур бин Зајед, што не е дозволиво според правилата на УЕФА.

Финансиското манипулирање во Манчестер Сити го откри германскиот весник „Шпигл“, кој се потпре на португалски извори преку „Викиликс“. УЕФА го констатираше и донесе шокотната одлука.

Допрва, УЕФА ќе треба се изјасни дали местото на Манчестер Сити ќе му припадне на петтопласираниот во англиската Премиер лигата, бидејќи извесно е дека пулените на Пеп Гвардиола ќе обезбедат пласман во ТОП 4.

OhridNews