Ноќеска околу 03:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 33-годишен жител на селото Мешеишта, општина Дебрца. Toј се сомничи дека околу 00:05 часот во селото Мешеишта, предизвикал пожар во две патнички моторни возила – „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на жител од селото Лешани и „Санг јонг корандо“, сопственост на лице од селото Требеништа, двајцата вработени во Шумска полиција Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

OhridNews