СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31- годишен жител на струшкото село Октиси, за сторени осум кривични дела „тешка кражба“ и четири кривични дела „кражба“.
Пријавениот континуирано во периодот од 13- ти јули до 21- ви август годинава, на различни локации во Охрид со употреба на физичка сила и погоден алат и при згодна прилика, извршил серија на тешки кражби и кражби при што одзел пари, мобилни телефони, седативи, велосипеди и друго, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 337.000 денари.
OhridNews