Жител од косовоскиот град Призрен е приведен од страна полициски службеници во Охрид, откако се однесувал агресивно после предизвикана сообраќајна несреќа, на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, во близа на Љубаништа, информираат од СВР Охрид.

Против лицето од Косово ќе биде поднесена пријава во согласност со членот 13 од Законот за прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, на 28.03.2021 година од 12 до 18 часот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, на повеќе патни правци, спроведе засилена акциска контрола. Притоа, полициските службеници евидентирале и санкционирале 28 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење и одзеле едно моторно возило поради истечена важност на сообраќајната дозвола подолго од 6 месеци.

OhridNews