Жители од селото Горенци- општина Дебрца се жалат дека често имаат прекин во водоснабдувањето.

–  Речиси секојдневно доаѓа до запирање на водата за пиење, што навистина претставува проблем во овие топли денови, велат дел од жителите на ова село.

Од јавното претпријатие „Дебрца“ кое стопанисува со водоводот преку кој се снабдува со вода и ова село, информираат дека во текот на вчерашниот ден поради настанат дефект неопходно било да дојде до прекин во водоснабдувањето со цел да се санира проблемот, по што водата била повторно пуштена за употреба.

–    При секое настанување на дефект во водоводната мрежа мора да се стопира водоснабдувањето до сите корисници кои се снабдуваат со вода преку овој систем, но секогаш се обидуваме прекинот да биде што е можно пократок, вели директорот на јавното претпријатие, Благоја Стојчески.

OhridNews