Жители од улицата „ Рашанец“ во селото Лескоец се жалат поради неасфалтираната улица на која живеат. При секои врнежи од дожд тие се приморани да одат низ кал и вода.
– Дали е ова 21 век? Како ние да функционираме, каде да поминуваме? Кога врне состојбата е многу лоша, буквално нема каде да се помине, велат жителите.
Апелираат до локалната власт што поскоро да го реши проблемот и да ја асфалтира улицата.
OhridNews