На протестниот собир што доцна попладнево се одржа во с. Годивје, на кој присуствуваа и градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски и претседателот на советот Даниел Огненоски, жителите од Дебрца избраа деветчлено Координативно тело кое ќе раководи со активностите против изградба на регионална депонија.

Корриднативното тело го сочинуваат: д-р Бошко Ставрески – абдоменален хирург, д-р Јадранка Бинањ – експерт по екологија, Трајан Трајчески – дипл. електро инженер, Крсте Блажески – дипл. економист, Трајан Ангелоски – проф. по историја, Дончо Герасимовски – маг. по географски науки, Добре Чолески – концесионер на ловно друштво „Караорман“ Дебрца, Лазо Наумоски – дипл. агроном, Никола Стојаноски – електро техничар.

На собирот жителите од Дебрца му изразија поддршка на локалното население во Годивје кое протестира против изградба на регионална депонија во атарот на селото. Тие не се согласуваат со проценките на експертите дека оваа локација која се наоѓа во сливот на Охридското Езеро, е најпогодна за изградба на инсталација за преработка и депонирање на отпад и сметаат дека таа негативно ќе влијае на животната средина.

– Тука трева без наводнување расте до појас, тука се и најдобрите печурки и пасишта. Многу луѓе се вратија на село и купија стока, има пчелни смејства, се тоа ќе биде загрозено. – вели Гоце Угриноски – претседател на МЗ Годивје.  

Протестот на жителите на Дебрца го поддржува раководството на општината, кое бара најитно да се сопрат сите активности околу проектот за изградба на регионална депонија во село Годивје.

-Апелирам до надлежното министертво веднаш да ја прекине постапката да не биде после предоцна, ние активно ќе го браниме тој простор. – рече Даниел Охненоски, претседате на Советот на општина Дебрца. 

Против изградба на регионална депонија е и концесионерот на ловиштето „Караорман“ кое, како што беше истакнато, ќе биде директно загрозено, бидејќи планот зафаќа дел од него.

Г.М.