Како што е најавено, протестот ќе започне во 11:00 часот, во атарот на селото Ботун, на местото викано Царополе, со истовремено ѕвонење на сите камбани во Дебрца, во траење од 15 минути, со што симболично ќе биде најавен почетокот на Еко Револуцијата, стои во прогласот. Во периодот од 11:55 до 13:55 часот предвидена е протестна блокада на магистралниот пат Кичево-Охрид во двата правци.
– Целта на нашиот протест е уште еднаш да се слушне нашиот глас против одлуката да се гради депонија, што впрочем беше и покажано со референдумот кој се одржа минатата година, на кој 87% од населението на Дебрца се изјасна против. Аргументите кои се непобитни и кои цврсто покажуваат дека таквата одлука на Владата е катастрофално погрешна и штетна, не само за општината, туку и за целиот охридски регион, ние ги публикувавме во печатена форма и уште во јули лани ги доставивме до сите релевантни институции и до премиерот Заев лично, велат организаторите на протестот.
OhridNews












