Сопствениците и корисниците на недвижен имот во населбата Чекоштина, обединети во здружението „Чекоштина урбан“, на 12 септември, сабота, во 17 часот, ќе одржат средба пред хотел „Сончева порта“, на која ќе бидат разгледани барањата и предлозите на локалното население за подобрување на условите во ова урбано место.

Апелираме до сопствениците на и корисниците на недвижен имот во Чекоштина да присуствуваат на средбата и да пристапат кон здружението. До сега се зачленети преку триесет граѓани, но тоа сепак не е доволно за да можеме успешно да си ги штитиме зедничките интереси и да ја градиме иднината на овој убав дел од Охрид. Природните услови нудат мошне квалитетен развој најразлични содржини на урбано живеење во комбинација со мало производство, туризам и рекреација. Човечкиот фактор ќе биде пресуден за остварување на таквите визии. Масовноста е главен аргумент пред државните органи и само така ќе можеме да го добиеме целото нивно внимание, кое го заслужуваме. Затоа повикуваме на здружување на сите заинтересирани. – стои во повикот на „Чекоштина урбан“.

На средбата се поканети и сите други кои му посакуваат добро на овој простор и на Охрид, воопшто, се вели во повикот на  „Чекоштина урбан“.

OhridNews