Со овој Договор, друштвото отуѓува недвижен имот-продажни објекти во своја сопственост (чија вкупна книговодствена вредност изнесува 2,5 отсто од средствата на Друштвото). Пренесува на владение продавници кои ги има во свое владение во моментот на склучување на договорот, воспоставува долгорочна соработка во смисла на ексклузивна продажба на сопствени производи во продавниците на „Жито леб“ Охрид и на територијата на град Скопје и врши префрлање на определен број вработени кај купувачот согласно промените во организационата структура на друштвото.
Споменатиот Договор е во согласност со бизнис планот на Друштвото за 2011 година, со кој планира да ја зацврсти водечката позиција на пазарот, да ги оптимизира оперативните трошоци и да ги зголеми приходите од продажба кои ќе придонесат за зголемена профитабилност т.е. значајно подобрување на финансискиот резултат за тековната 2011 година.
извор: Makfaks