Одличното прво издание на „Real Madrid Foundacion Campus Experience“ фудбалски камп, кој се одржа во јуни во Скопје, го стационира „кралското семејство“ во Македонија за подолг период.

Првото изненадување за 2019 година ќе биде нов камп, во јануари во Охрид. Од 14. до 18. јануари крај охридското крајбрежје, сите заинтересирани млади фудбалери од 7 до 17 години ќе имаат можност да учествуваат на вториот фудбалски камп на најтрофејниот фудбалски колектив на планетата.

– Со гордост можеме да најавиме дека успешната приказна која започна во јуни во Скопје, со првиот камп Real Madrid Foundacion Campus Experience, продолжува од 14. до 18. јануари во Охрид. Тоа ќе биде еден убав почеток на 2019година, која ќе донесе големо изненадување и комплетно стационирање на Реал Мадрид Фондацијата во Македонија. – изјави Влатко Тодев, првиот човек на „Спорт Арена“, лиценциран партнер на фудбалскиот камп на Реал Мадрид во Македонија, за Екипа.мк.

Вториот камп ќе ги задржи и ќе ги подобри високите критериуми кога е во прашање организацијата. Младите фудбалери ќе бидат сместени во хотелот„Аквалина“ и пет дена ќе стекнуваат непроценливо фудбалско искуство од тренерите за млади категории на Реал Мадрид Фондација. Ќе се стекнат со нови фудбалски и едукативни знаења, но и ќе ги спознаат начелата т.е вредностите на „кралскиот клуб“, почитта, самоконтролата, лидерството, напорната и тимската работа.

Поддржувачи на кампот се и Владата на Република Македонија, како и Агенцијата за млади и спорт. Подетални информации за фудбалскиот камп, за целосната програмата и регистрација, можете да прочитате на следниот линк.

OhridNews