Со традиционалното зимско капење на Сараиште охриѓани го одбележаа денот на рибарите.


се капеа за здравје

Симболично во водите на Охридското Езеро  скокнаа сите досегашни фаќачи на крстот, а меѓу стотината капачи беа и градоначалникот Петрески и евроамбасадорот Ерван Фуере, на кому организаторот, здружението на граѓани за целосна афирмација на традициите на МПЦ, “Богојавление“, му подари копија од чесниот крст кој за Водици се фрла во осветените езерски води.


евроамбасадорот Фуере со копијата од крстот

Постарите охриѓани се сеќаваат дека овој ден почнал да се одбележува пред педесетина години, но како ден кога завршува забраната за лов на пастрмка, позната како “татиљот“.Порано рибарите го славеа овој ден за да има богат риболов, ама не вака масовно, ни рече Никола Чипан.


порано беше поинаку-Никола Чипан

“Колку што знам јас денот на рибарите се слави на денот посветен на Светите Апостоли Петар и Павле, а на 20 јануари се симнува забраната за риболов. Рибарите во педесетите го користеа овој ден за тајно да го фрлат крстот во водите на Охридскто Езеро зошто режимот тогаш не дозволуваше  да се слават Водици“, ни рече Чипан.


загревање со топла ракија


фотографија за спомен (Фуере, Наумоски, Петрески)


капење

Над 1000 граѓани присуствуваа на капењето на рибарите во саботата на Сараиште. На повеќе штандови  бесплатно можеше да се вкуси  топла ракија и пржена плашица, што ги обезбеди хотелската асоцијација, а организаторот на манифестацијата на ветеранот на капачите Симон Ѓурчев му подари буре со вино од 100 литри.


оро се играше и во вода

Капењето на рибарите од година во година прераснува во вистинска атракција со која на извесен начин Охрид се промовира во атрактивен туристички центар и во зима.

подготви:
Горан Момироски

фото:
Александар Ковачески(Фото “Зум“)
Горан Момироски