Со три натпревари од осминафиналната фаза синоќа продолжи турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, по кои пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на Златара Бени Ерол, Др. Баткоски и Екстра Скопско.
Најнеизвесно беше на дуелот меѓу Аце Најдески и Златара Бени Ерол. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1:1, а по подоброто изведување пенали со 5:4 во следната фаза се пласира Златара Бени Ерол.
Екипата на Др. Баткоски беше убедлива против Типлери и славеше со 4:1, додека Екстра Скопско со сигурни 3:0 ја совлада Македонија.
Резултати од осминафиналните натпревари – 29 јули:
Аце Најдески – Златара Бени Ерол 1:1, пенали 4:5
Др. Баткоски – Типлери 4:1
Екстра Скопско – Македонија 3:0
Последните два осминафинални натпревари на турнирот ќе се одиграат вечерва.
Распоред – 30 јули:
21:00 БЗ Груп – Охридски бисер Филеви
22:00 Асп Пак – Џими
По одигрувањето на овие средби ќе бидат познати сите учесници во четвртфиналната фаза на турнирот „Велгошти 2026“.
OhridNews













