Со драматична пенал-завршница и еден прекинат натпревар продолжи четвртфиналната фаза на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“.

Во првиот четвртфинален дуел, Бразилиан и Златара Бени Ерол одиграа неизвесен натпревар кој во регуларниот тек заврши 2:2. Патникот во полуфиналето беше решен по изведувањето пенали, каде повеќе присебност покажа Златара Бени Ерол, која славеше со 3:2.

Вториот натпревар меѓу Инекс Олгица Хотел и Спа и Др. Баткоски, при резултат 3:1, беше прекинат, а организаторот дополнително ќе се произнесе за неговиот епилог.

Возбудувањата продолжуваат утре (3 август) со преостанатите два четвртфинални натпревари:

21:00 часот Сатеска – Екстра Скопско
22:00 часот Асп Пак – БЗ Груп

По овие средби ќе бидат познати сите полуфиналисти на годинашното издание на турнирот „Велгошти 2026“.

OhridNews