Со три натпревари од осминафиналната фаза, синоќа продолжи 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“.

Златара Бени Ерол убедливо го совлада Гранит Х со 3:0 и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи.

До четвртфиналето се пласираше и Сатеска по драматичната победа над Гостилница Кај Мече. Во регуларниот дел мечот заврши 2:2, беше а поуспешна во изведувањето пенали беше екипта на Сатеска која славеше, со 4:2.

Во третиот натпревар, Чардак Велгошти со 3:1 го елиминира Етно ресторан Дедо Димо и ја комплетираше листата на патници во четвртфиналето.

Нокаут-возбудувањата продолжуваат вечерва со два четвртфинални дуели. Од 21 часот, носителот на трофејот АСП ПАК ќе игра против Аце Најдески, а еден час подоцна Златара Бени Ерол ќе се сретне со Чардак Велгошти.

OhridNews