Недела дена после завршувањето на Мундијалот во Русија и сумирањето на впечатоците селекторот на „коцкастите“, Златко Далиќ одлучи да најави повлекување од функцијата предводник на Хрватска. Како што пренесува „Јутарни лист“, Далиќ кој на Хрватска и го донесе најголемиот успех во фудбалска историја не може да работи со сопки и да мисли што и на кого ќе му се довери.

  • Немам намера да се борам против било кого или да се расправам. Тоа не е мој стил. Морав да реагирам, бидејќи некои работи не ми се свиѓаа последните шест месеци. Нема да работам во место во кое констатно некој ме сопнува, а што и да речам се превртува и се користи за се и сешто.  Цел живот се борам заедно со играчите. Затоа повторувам дека нема да работам ниту еден повеќе ако знам дека некој ме опструира мене или некој во мојот стручен штаб. – изјави Далиќ.

Селекторот и фудбалерите имаа спектакуларен пречек во Загреб од 550 000 луѓе, а во следните денови членовите на Хрватска фудбалска селекција ќе имаат средби со граѓаните во своите родни места.

Инаку, на адресата од Далиќ стигнаа понуди од Јапонија, Иран, Египет и Узбекистан, но прво хрватскиот стручњак сака да ја расчисти ситуацијата во селекцијата која беше најпријатно изненадување на Мундијалот.

OhridNews