Кошаркарите на АМАК СП имаат плус 4 (34-38) по првите 20 минути игра на реванш мечот од Фиба Евро Челинџ купот против словенечкиот Златорог.

Првиот период го добија охригани со 13-20, додека вториот 21-18 им припадна на домаќините.

По првото полувреме најефикасен е Чубрило со 11 поени, додека Богоев и Фрај постигнаа по 8. Агоч има 4, В .Стојаноски 5 и Стојанов 2.

За да обезбедат пласман во второта рунда на охриѓани им треба победа со шест поени разлика, бидејќи првиот меч во Охрид заврши 70-76 за Златорог.

М.П.