Златото пронајдено во домот на сопственичката на штедилницата ТАТ, Соња Николовска, останува во стечајна маса, пишува „Нова Македонија“, пренесува „Макфакс“.

По 17 години неизвесност, Врховниот суд конечно донесе одлука со која златото и златниот накит, за кои сопственичката на ТАТ тврдеше дека се нејзино семејно наследство, а кое по банкротирање на штедилницата во 1997 година беше одземено од домот на нејзиниот покоен сопруг Стерјо Николовски, им припаѓа на штедачите и е дел од стечајната маса на ТАТ.

Со ваквата одлука, судот ја отфрли ревизијата на децата на Соња кои ја тужеа Република Македонија за одземање на златото кое според нив било приватна сопственост на нивниот татко.

Како што пишува „Нова Македонија“, сега треба преку овластен проценител да се процени вредноста на златото и златниот накит и да се впаричи за обештетување на штедачите.

ОhridNews
извор:„Макфакс“