Во очи празникот Св. Никола, градинката „Билјана“ во населбата „Билјанини извори“, доби ново, подобрено осветлување.

Градинката е осветлена надвор и внатре со околу 200 нови сијалични места и 5 рефлектори. Сите со лед технологија, која штеди електрична енергија и е целосно безбедна за детските очи. – вели проф. д-р Зоран Тунтев, неуморен волонтер и активист на лајонс клубот „Лихнидос“ и иницијатор на акцијата.

Оваа акција е дел од договорената соработка помеѓу ЛК Лихнидос и новата локална самоуправа.

Ваквите иницијативи кои имаат за цел подобрување на состојбите во нашето општество, а особено на условите за воспитување на најмладите, се добар пример. Ова е вистински начин како заеднички треба да делуваме во насока на унапредување на условите во градинките и заедницата воопшто. – истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

Значително подобрено осветлувањето во градинката „Билјана“

OhridNews