Здружението на новинарите на Македонија најостро го осудува насилството врз новинарите од полицијата и насилните демонстранти во Скопје.

„Насилството против новинарите е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира за настани од јавен интерес. Поразително е за македонската демократија кога полицијата тепа новинари на протести место да им обезбеди услови за непречена работа. Да се истура граѓанското незадоволство на протести врз новинарите е чин на кукавичлук и примитивизам“, се вели во реакцијата од ЗНМ.

Бараат МВР, обвинителството и судовите да ги открие и казни насилниците, а ако брзо не се расветлат овие напади во јавноста ќе се создаде сомнеж дека институциите свесно толерираат насилно против новинари.

Повикаа медиумите протестите да ги покриваат со искусни и обучени новинари, видно означени со потребни легитимации. Новинарите кога следат насилни протести пред сè треба да водат сметка за нивната безбедност и да одбегнуваат да се движат меѓу демонстрантите и полицијата.

OhridNews