Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) – Регионална канцеларија Охрид – Струга, изразува жалење по повод смртта на новинарот Борис Ѓорѓиоски, кој почина денеска во 76-та година од животот, и упатува најискрено сочувство до семејството и блиските.

Борис Ѓорѓиоски беше исклучителен новинар, точен, прецизен, објективен и одговорен во информирањето. Ги почитуваше новинарските стандарди и етичките норми во известувањето и беше пример за помладите колеги кои во работата со него стекнаа драгоцено искуство. Со заминувањето на Борис Ѓорѓиоски медиумска заедница во Охрид загуби драг колега и голем професионалец. – се вели во соопштението на Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид – Струга.

OhridNews

Почина новинарот Борис Ѓорѓиоски