Финска за прв пат во историјата ја освои титулата олимписки првак во хокеј на мраз, совладувајќи ја во денешното финале на Игрите во Пекинг репрезентацијата на Русија со 2-1 (0-1, 1-0,1-0).
Финците со пресврт ги симнаа од тронот олимписките победници од Пјонгчанг 2018, откако Русите поведоа со голот на Михаил Григоренко во првата третина.

Во дуелот за бронзениот медал, Словачка ја совлада Шведска и го освои својот прв олимписки медал во хокеј.
OhridNews










