
„Навистина сум изненаден од оваа голема чест, зашто на марки се ставаат ликови на почесни граѓани. Марката е испечатена во ограничен тираж од неколку илјади, што значи дека некогаш ќе биде вредна за колекционерите од целиот свет“, изјави Зоран Велјаноски – Летра.
Марката е издадена од Француската пошта а на неа е насликан и ликот на претседателот на Европската филмска академија со седиште во Париз, Макс Азуле.
Според Велјаноски, веќе течат подготовките за второто издание на фестивалот. Целта на неговото одржување во Охрид е да се приближи француската кинематографија на Балканот и да се воспостави соработка на луѓето вклучени во филмската индустрија.
А. Ристоска












