Познатите оперски ѕвезди Барбара Фритоли и Лео Нучи од Италија, кои ќе го отворат 54-то издание на фестивалот „Охридско лето“, со специјален лет попладнево ќе пристигнат на аеродромот „Св. Апостол Павле“. Таму ќе ги чекаат два луксузни автомобила кои ќе ги превезат до вилата „Билјана“ каде тие ќе бидат примени од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Италијанските музички ѕвезди ќе отседнат во хотелот „Инекс“. Немале специфични барања, инсистирале да им се обезбеди многу свежо овошје и вода.
Сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи на отворањето на фестивалот „Охридско лето“ на 12-ти јули ќе настапат на Античкиот тетар во придружба на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Луис Горелик.
OhridNews












