Германскиот тенисер Александер Ѕверев е нов шампион на УС Опен, откако во машкото финале во Њујорк го совлада Американецот Бен Шелтон со 3:1 во сетови – 6:3, 7:6 (7:2), 5:7, 6:2.
Zverev’s name has been added to the wall of champions! ✍️ pic.twitter.com/HsuxxTFAWW
— US Open Tennis (@usopen) September 13, 2026
Првиот носител на турнирот ги доби воведните два сета, но Шелтон возврати во третиот и ја продолжи борбата за својот прв грен слем трофеј. Ѕверев, сепак, беше убедлив во четвртиот сет и ја запечати победата на „Артур Еш“.
За 29-годишниот Германец ова е прв трофеј на УС Опен и втор грен слем во кариерата, откако годинава го освои и Ролан Гарос. Со тоа Ѕверев ја заокружи својата најуспешна сезона, во која играше и во финалето на Вимблдон.
Триумфот има дополнителна тежина за Ѕверев, кој во 2020 година беше на чекор од титулата во Њујорк, но тогаш во финалето против Доминик Тим испушти водство од 2:0 во сетови. Шест години подоцна, се врати во финалето и овојпат стигна до трофејот.
Шелтон, кој го играше своето прво грен слем финале, не успеа да стане првиот Американец со машка грен слем титула по Енди Родик во 2003 година.
OhridNews
Фото: US Open I X











