Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Врнежи од снег има на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Маврово, Крушево и на Попова Шапка со мали остатоци од кашаста маса на коловоз по интервенција на дежурните служби.
Сите патни правци во државата се проодни, информираат од ЈП Макеоднијапат.
Посочуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
OhridNews
фото. Архива













