Oфицијално е објавен повикот од Министерството за транспорт и врски за асфалтирање на локалниот пат од селото Издеглавје до црквата „Св. Димитрија“ во должина од еден километар, информира градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски.

Посочува дека Општина Дебрца претходно изработила комплетна проектна документација и аплицирала за реализација на проектот.

Она што со децении се слушаше само како најава пред избори од многумина пред нас, конечно излегува од фиоките и станува реалност, вели Сиљаноски.

Воедно упати благодарност до Министерство за транспорт и врски и министерот Александар Николоски за  разбирањето на приоритетите за општината.

OhridNews