ОГЛАСИ

Децата правобранители ја завршија 2016 со низа активности

Вести | Охрид | 03.01.2017 09:34Посети : 1932

Децата правобранители во ОУ „Братство Единство" и С.С.О.У „Свети Кирил и Методиј" во Охрид продолжија со имплементација на активностите во рамките на проектот за спроведување на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија, кој се реализира веќе седум години во континуитет.



Во текот на месец декември, децата правобранители и членовите на Ученичката заедница во ОУ "Братство Единство" изработија разнобојни постери со сегменти од детските права, преведени на Македонски, на Албански и на Турски Јазик. Постерите беа поставени во училниците, и во училишните ходници. Во фаза на изработка се и три колоритни примероци од Конвенцијата за правата на детето, по еден примерок на секој наставен јазик, кои ќе бидат претставени пред учениците, наставниците и пред Советите на родители.




Децата правобранители и Ученичката заедница при средното економско училиште, изработија постери со мотиви недискриминација, почитување на различните мислења, против говор на омраза и заштита на детските права. Своевремено, тие изработија и брошури за значењето на слободата на изразување, а на 23.12.2016 година учествуваа и на средба со Заменикот Народен Правобранител на Република Македонија, госпоѓата Васка Бајрамовска – Мустафа.


Проектните активности на учениците ќе продолжат и во текот на наредното полугодие, во согласност со годишните програми за работа на Ученичките заедници.


Проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република македонија, освен во Охрид, се одвива и во Струга,Битола,Прилеп, Дебар,Тетово,Гостивар,Штип,Кавадарци и Куманово,под покровителство на Швајцарската фондација „Pestalozzi" и Коалицијата на младински организации, „СЕГА". Имплементатор на активностите во нашата општина е невладината организација, Младински Совет.


OhridNews


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 919 гласови (37%)

Не - 657 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 939 гласови (37%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833