Битолски Пелистер го задржа 3. место во Вардар Осигурување Првата лига – жени по завршувањето на втората натпреварувачка фаза.

Серијата победи во финишот на охриѓанки им обезбеди место во разигрувањето во кое ќе влезат како 4-то пласирани.

Полуфиналните двојки се Вигор Скопје – Билјана 006 и Изградба Комерц Младинец – Пелистер.

Полуфиналните серии се играат во две добиени средби, домаќините на првите средби ја имаат предноста на домашниот терен при евентуална мајсторка, а двете серии стартуваат од 0:0.

Плејофот кај жените стартува овој викенд.

М.П.