12-годишната охриѓанка Русанка Иваноска го освои првото место и се закити со златниот медал на неодамна одржаниот International dance festival во Загреб.
Русанка која повеќе од шест години учи балет во Балетското студио Ана Савиќ, беше најдобра во категоријата Фит данце во која учествуваа учесници на возраст од 12 до 13 години.
Овој успех на младата охриѓанка и овозможува учество на Светското првенство по танц што ќе се одржи во месец октомври во Рим.
На натпреварот во Загреб имаше 5000 учесници од 27 земји.
OhridNews















