
Околу 30 отсто од децата на улица, се деца без родители. Децата на улица во Република Македонија ги има од сите возрасти и националности, но најмногубројни – 58 отсто, се Роми.
Првата детска амбасада Меѓаши укажува и дека 15,5 отсто од децата на улица се од предучилишна возраст, 64 отсто на возраст од 7 до 14 години, 88,5 отсто манифестираат социјално неприфатливо однесување, а 11,5 отсто имаат толерантно социјално однесување.
Од Детската амбасада Меѓаши напоменуваат дека злоупотреба на детскиот труд не значи само физичка работа, туку и комерцијална сексуална злоупотреба, детска проституција и порнографија, трговија со деца, деца војници.
Во светот има приближно 246 милиони деца, на возраст од 5 до 17 години, чиј труд се злоупотребува.












