„Литературата како стока: естетиката на бестселерот“ е  тема на 12-таОхридска конференција на Македонскиот ПЕН центар, која свечено ќе биде отварена вечерва во х. „Милениум“ .

На конференцијата учество ќе земат триесетина писатели од 12 земји кои на отварањето ќе ги поздрави  претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Георги Старделов. Работниот дел на конференцијата започнува утре со воведно излагање на македонскиот писател Венко Андоновски, кој ќе биде модератор на дебатата.

Претседателот на македонскиот ПЕН, Ристо Лазаров очекува дека собирот на кој учествуваат еминентни писатели да понуди интересна дебата, а ќе се одржи и традиционалното литературното читање.

Македонската ПЕН конференција е една од ретките кои веќе две децении се одржуваат во календарот на светскиот ПЕН.