Со енергичен настап од страна на старите и сегашните членови, охридскиот хардрок и метал бенд прослави 15 години постоење на музичката сцена. „Hardfaced“ вчера вечер приредија забава за паметење во „Керал“ сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“.  Тие ги свиреа своите најпознати хитови, а како нивна поткрепа настапи и скопскиот бенд Shock Troopers.

А.М.