Едукативната приказна на училиштето за странски јазици „Квин“ трае веќе полни 15 години. Во тој период повеќе од 1500 ученици – деца и возрасни ги посетиле курсевите по странски јазици, ги запознале основите, се усовршувале и надградувале и квалитетно се подготвувале за предизвиците кои ги носи модерниот свет во кој знаењето е основа на успехот.

Имаме многу ученици кои буквално пораснаа со нас, доаѓаа во нашето училиште од најрана возраст па се до завршување на средното образование, вели менаџерот на училиштето „Квин“ Билјана Шопоска.

Се менуваат генерациите, а ние постојано се трудиме да одговориме на предизвикот на едукацијата во новото време. Работиме со современи методи и наставни материјали и се трудиме во предавањата да држиме баланс меѓу модерните барања на децата и родителите и традиционалните вредности на образованието. Многу ни е важно децата да се чувствуваат пријатно на часовите и со радост да доаѓаат во училиштето. Затоа индивидуалниот пристап кон секој ученик е најважниот принцип во нашата работа, посочува Шопоска.

Освен секојдневните, класични часови во „Квин“ има и забавни активности за различни поводи како Нова година, Халовин, Велигден, на кои се поттикнува креативноста кај учениците.

Во текот на летото организираме и летен камп на кој децата го изучуваат англискиот јазик на малку поинаков начин – преку забавни и креативни активности како готвење, сликање, глумење, рачни изработки и спортски активности. Притоа акцентот ни е на развивање на чувството за тимска работа, споделување, но и развивање на лидерски вештини, истакнува Шопоска.

Но, не секогаш оди лесно. Периодот на короната беше посебен предизвик и за училиштето за странски јазици „Квин“.

Потребно беше брзо прилагодување на новите услови, но успеавме тој тежок период да го премостиме со онлајн настава. После тој период се вративме повторно во клупите, бидејќи сметаме дека ништо не може да го замени директниот контакт со децата, а училницата е нашата природна средина каде се чувствуваме најубаво, велат од „Квин“.

Новата учебна година штотуку започна. Училиштето за странски јазици „Квин“ наскоро ќе ги отвори вратите за сите кои сакаат да се здобијат со нови знаења, да ја обноват материјата или да се подготват за нов животен предизвик, без оглед на возраста.

Подготвени сме за нови предизвици и нестрпливо ги очекуваме нашите редовни ученици и сите нови ученици кои ќе ни се придружат. Имаме курсеви за деца од предучилишна возраст, основци и средношколци како и подготовка за државна матура. Држиме курсеви и за возрасни, општ и деловен англиски како и подготовка за меѓународните испити TOEFL и IELTS за идните студенти кои планираат да студираат во странство, истакнува менаџерката на училиштето Билјана Шопоска.

Училиште за странски јазици „Квин“ I ул. „Јане Сандански“ 75в I 075 244 860

Интересна новина во „Квин“ е што училиштето од неодамна почна да организира и сликарски работилници за возрасни кои се замислени како арт терапија за умот и ослободување на креативноста во нас. Учесниците добиваат комплетни материјали за сликање и инструкции од професионален уметник кој ги води работилниците.

За повеќе информации за едукативните програми на „Квин“ заследете ги профилите на училиштето на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм или едноставно посетете ги на добро познатата локација на ул. „Јане Сандански“ 75в каде оваа образовна установа успешно работи деценија и пол.

OhridNews
Фото: А. Момироска/Архива „Квин“