Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово – 1. Регистрирани сe шест оздравени пациенти од: Скопје – 5 и Тетово – 1. Не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а на активни случаи изнесува 234. Според податоците од Министерството за здравство, во Охрид во моментов има четири активни случаи на Ковид-19, најмногу активни случаи има во Скопје, 92,а во 18 градови во државава нема активни случаи на корона вирус.

 

 

 

 

OhridNews