Денес се одбележуваат 16 години од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор. Договорот за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија е потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД. Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во конфликтот од 2001.

Договорот го потпишаа Борис Трајковски, тогашен претседател на Република Македонија, Љубчо Георгиевски, тогашен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски тогашен претседател на СДСМ, Имер Имери, тогашен претседател на ПДП и Арбен Џафери, тогашен претседател на ДПА.

Како гаранти на договорот од меѓународната заедница, потписници на договорот се и специјалните претставници Франсоа Леотар, претставник на ЕУ и Џејмс Пердју, претставник на САД.