Според статистичките податоци на МВР, во изминатово деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 60 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-16, Струга-09, Кичево-25, Дебар-10).

На сите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19., информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Вчера околу 18 часот на улицата „Бистрица“ во Охрид, 72-годишен жител на Охрид, по случена сообраќајна незгода, го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување кон полициски службеник.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – истакна портпаролот Димовски.

OhridNews