Во последните 24 часа од направени 2543 тестирања регистрирани се 477 нови случаи на Ковид-19, 10 починати лица на возраст од 47 до 88 години, сите починати во болнички услови и 331 оздравен пациент, информира Министерството за здравство.

Од новозаразените 221 се од Скопје, 27 од Куманово, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-24, Тетово-12, Струга-3, Велес-7, Битола-15, Охрид-17, Кавадарци-20, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Крушево-5, Кочани-4, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-7, Валандово-2, Виница-4, Делчево-8, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-7, Ресен-10, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравени пациенти 21 од Охрид.

Починати се 10 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 47 и 83г), еден од Прилеп (77г), еден од Тетово (50г), еден од Струмица (88г), еден од Битола (61г), еден од Гостивар (80г), еден од Гевгелија (60г) и еден пациент од Пробиштип (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Во моментов во Охрид има 415 активни случаи, а во Струга 176.

OhridNews