Поради постоење основи на сомнение за сторени 12 казнени дела „тешка кражба“, СВР  Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишно лице од гостиварското село Дебреште.

– Пријавениот, казнените дела ги сторил во текот на мај оваа година на подрачјето на Охрид. Користејќи подесен алат и прибор, но и физичка сила, успевал да влезе во менувачници, агенции за недвижности, земјоделски аптеки, во канцелариите на наплатните служби од јавни претпријатија, во самопослуги, сувенирници, работилници и фризерски салони, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со извршувањето на казнените дела „тешка кражба“, пријавениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 40.900 денари и 2.600 евра.

OhridNews