Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-9, Тетово-2, Велес-3, Валандово-1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови.

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на Ковид-19.

OhridNews