29-те Староградски средби ќе се одржат на 29-ти септември, петок, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Љубителите на староградскиот мелос ќе имаат можност да го проследат настапот на: Хорот при НУ Центар за култура “Григор Прличев” од Охрид, КУД Далги при ЗП Охрид и Дебрца, Октет од Прилеп, ВИС Орнаменти од Штип, Пејачка група Сирма Војвода од Битола, Пејачка група “Весела Тајфа” од Богданци, Распеани Гевгеличани од Гевгелија и Оркестарот при ФА Бисери од Охрид 

Староградски средби почнуваат во 20 часот.

Влез слободен.