Во осмото коло од Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, Света Троица 2021 во дербито на колото освои бод на домашен терен против Влазерими Ј 1977, додека Чардак Велгошти се врати со празни раце од гостувањето кај Могила 2023.

Изминатиот викенд на стадионот „Касарна“, Света Троица 2021 и Влазерими Ј 1977 ги поделија бодовите, играјќи 1:1. Домашниот состав поведе во 39. минута со погодокот на Угриноски, па на одмор замина со минимална предност од 1:0. Сепак, гостите во второто полувреме успеаја да го израмнат резултатот и да освојат бод од гостувањето во Охрид.

Чардак Велгошти, пак, не успеа да дојде до позитивен резултат на гостувањето во Могила, каде што беше поразен од истоимената екипа со 3:0.

По осум одиграни кола, Караорман е лидер на табелата 18 бодови, Света Троица 2021 се наоѓа на третата позиција со 14 бодови, додека Чардак Велгошти со шест освоени бодови го зазема последното, 13. место.

Резултати – 8. коло

Баир Спорт – Преспа 3:2
Караорман – Напредок Кичево 2:1
Света Троица 2021 – Влазерими Ј 1977 1:1
Напредок Ношпал – Демир Хисар 1:5
Могила 2023 – Чардак Велгошти 3:0
Влазними – Крошу Спорт 3:2

OhridNews