Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела  „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишен скопјанец. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот, казнените дела ги извршил во текот на март и април оваа година,  во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ и на паркинг простор кај комплексот „Музеј на вода“ во близина на Заливот на коските.

Лицето, користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила, сопственост на македонски и странски државјани. Притоа, одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска опрема, мобилни телефони и кредитни картички, додава Димоски.

Со сторените дела пријавениот се стекнал со против правна имотна корист која дополнително ќе се утврди.

OhridNews